петок, 4 март 2011

Иса Тк+ - Isa Tk+




Иза

По завршувањето на Иза ТКМ, Изабела Паскали “Иза” и нејзиниот бенд постигнаа огромен успех низ целиот свет и таа потпиша договор со “Zafiro Label”, кој ќе ја прати да студира надвор на Colegio Bravo, специјално училишта за млади уметници. Нејзината најдобра пријателка Линда Луна “Гордалинда” исто добива стипендија во Colegio Bravo и со тоа ќе биде пат кон исполнување на својот сон да стане балерина.
Конечно и Алехандро Руиз “Алекс” и Галан Реиналдо “Реј” ќе им се придружат на Иза и Линда и тие ќе бидат студенти на Colegio Bravo, Алекс како гитарист, а Реј со цел да стане актер.
Но, и покрај тоа што се сите заедно, таму ќе дознаат дека сепак не е се толку фино кога Каталина Бернаби “Катаклизмика”, злобната девојка која се преправа дека е фина, ќе почне зад грб заедно со Џесика Чен “Џес” да и ја уништуваат кариерата на Иза, а од друга страна да ја придобиваат наклонетоста на Алекс и сакаат да ја избркаат Линда од училиштето. Додека пак Себастијан Лоренцо “Себас” ќе се обиде да го освои срцето на Иза, на било кој начин.
Реј и Линда исто така ќе наидат на многу проблеми поради нивните нови соученици, Сандра Сентено “Сандихуела”, новата симпатична пријателка на Реј и Хавиер Мунер “Хави”, партнерот на Линда за танцување, кој има симпатии кон неа.
Директорката Виолета Мариндо “Ла Тамариндо”, намќореста жена која не ги сака Иза и нејзините пријатели, ќе направи се што е во нејзина моќ за да се ослободи од оваа банда и Кристина Рикалде “Кристарантула”, главната соперничка од претходната сезона, ќе се појави во неколку ситуации за да и се одмазди на Иза.

вторник, 25 јануари 2011