Изабела Паскали “Иза” е 15-годишно девојче кое живее во Каракас, Венецуела. Нејзин сон е да го освои Алехандро Руис “Алекс”, но овој сон е некако многу далеку, затоа што Кристина Рикалде “Кристарантула”, нејзината сопeрничка ги краде погледите на Алекс.
Најдобра другарка на Иза е Линда Луна “Гордилинда” и таа има ист проблем како Иза, заљубена е во Реиналдо Галан “Реј”. Кристина и на ова момче го има освоено срцето. Алекс и Реј се ривали во училиштето затоа што и двајцата учествуваат на натпреварот на бендови кој се одржува таму.
Кристина е ќерка на сопственикот на банката “Рикалде”, а нејзината сестра, Ребека Рикалде, е ривалка на Марина Паскали, сестрата на Иза, и е девојка, наскоро и сопруга на Кристобал Силва, љубовта и на двете, Ребека и Марина. Сепак Ребека има предност поради тоа што мајка му на Кристобал, Лукреција Портакарерас, е пријател на парите кои таа ги има и ја поддржува во се што прави.
Братот на Кристобал, Мики е најдобар пријател на Алекс и се во ист бенд. Негова девојка е Ванеса, пријателка на Кристина (иако наскоро Јуста ќе му биде девојка, бидејќи Ванеса си оди од училиштето). Мајката на Алекс, Естела е заљубена во братучедот на Кристобал и Мики, Хулио но, тој се уште е во љубов со девојката од своите тинејџерски години, Џенифер Контрерас со која имаат ќерка.
- Родителите на Иза, Антонио и Кармина Паскали се сопственици на пицерија која е лоцирана во самата зграда каде што Иза, Алекс, Линда, Реј, Мики, Кристобал и Марина живеат.
Од понеделник до петок во 11:10 на А1 Телевизија
Гледајте ја многу е интереснаа.♥
Нема коментари:
Објави коментар